Thursday, September 17, 2015

Медицинска диета

Медицинската диета е нискокалорична диета која стекна голема популарност поради тоа што ветува брзо слабеење за релативно краток период. Постојат неколку нејзини варијанти, но во главно се базираат на ист метод, т.е. консумирање на малку калории, што несомнено води до намалување на тежината.


 План за оброците

Појадокот секој ден е ист и треба да вклучува:

    1 овошен плод (може да е портокал, јаболко, праска, круша, но не треба да е банана или грозје)
    1 парче двопек
    една шолја кафе или чај (без шеќер и без вештачки засладувачи)

Прв ден

Ручек:


    1 портокал
    1 варено јајце
    250-300g кисело млеко

Вечера:

    2 домати
    1 краставица
    2 парчиња двопек

Втор ден

Ручек:


    1 портокал
    1 варено јајце
    250-300g кисело млеко

Вечера:

    125g варено телешко месо
    1 домат
    1 портокал
    1 парче двопек
    кафе или чај без шеќер

Трет ден

Ручек:


    1 портокал
    1 варено јајце
    250-300g кисело млеко
    салата од марула или една краставица

Вечера:

    125g варено телешко месо
    1 портокал
    1 парче двопек
    кафе или чај без шеќер

Четврти ден

Ручек:


    125g кравјо сирење
    1 домат
    1 парче двопек

Вечера:

    125g варено телешко месо
    2 домати
    1 јаболко
    1 парче двопек

Петти ден

Ручек:


    200g варено месо или риба
    1 домат
    1 двопек

Вечера:

    300g обарен морков, грашок или брокула
    1 варено јајце
    1 домат

Основни правила на диетата

    Треба да се консумираат сите набројани намирници, без прескокнување и по редоследот по кој се дадени. Намирниците треба да се јадат една по друга и не треба се мешаат.
    Во текот на диетата не треба да се консумира алкохол.
    Месото и зеленчуците се консумираат варени во вода зачинета со коцка за супа.

Времетраење и резултати

Првиот циклус на диетата трае пет дена. Шестиот и седмиот ден се прави пауза, а потоа по потреба се започнува нов петдневен циклус. Диетата ветува слабеење со 2-5 килограми во текот на првите пет дена.

За губење на поголема тежина се препорачува диетата да се држи 15 дена, т.е. 3 циклуса. Тоа значи: пет дена диета, два слободни, пет дена диета, два слободни, пет дена диета. Не ја држете оваа диета подолго од 15 дена!

За 15 дена, диетата ветува губење на 10-15 килограми.

По завршувањето на диетата

Во периодот по завршувањето на диетата се препорачува избегнување на мрсна храна, бели печива и шеќер. Освен тоа, еднаш неделно (на пример, во понеделник) треба да се прави прочистување на телото. Менито за тој ден предвидува:

Појадок:

    чаша вода со цеден сок од еден лимон

Ручек:

    1 јаболко
    1 двопек

Вечера:

    1 варено јајце
    1 домат
    1 двопек

Негативни страни на диетата

    Предвидува консумирање на премалку калории. За време на диетата секој ден се внесуваат многу помалку од препорачаните 1.200 калории. (1.200 е минималниот број на калории што жените треба да го внесуваат секојдневно). Поради тоа, може да се појави замор, недостиг на енергија и нервоза.
    Препорачува намирниците да се консумираат една по друга, според определен редослед. Тоа предизвикува многу луѓе да се откажуваат од одредени намирници и да не ги внесуваат (на пример, на многумина им е тешко да јадат само домат, па го прескокнуваат).
    Нема никакви ограничувања за двата слободни дена, па некои луѓе за да надоместат, јадат повеќе. Циклусот на гладување во текот на работната седмица, прејадување за време на викендот, па повторно гладување, е шок за организмот.
    Диетата носи ризик од појава на јо-јо ефект. Брзото слабеење може да доведе до уште побрзо дебелеење по диетата, познато како јо-јо ефект. По завршувањето на диетата не треба да се вратите на стариот начин на исхрана, туку треба да го зголемите внесувањето на зеленчук и овошје и да ја сведете на минимум консумацијата на брза мрсна храна за да не си ги вратите изгубените килограми.
    Не препорачува физичка активност.

Позитивни страни на диетата


    ветува брзи резултати;
    два дена во неделата се слободни денови кога можете да се одморите и физички и психички да се подготвите за наредниот циклус, се разбира, доколку имате потреба;
    не е потребно многу време за приготвување на храната;
    не е скапа.

тагови: Медицинска диета, Медицинска, диета, Позитивни страни на диетата, План за оброците, Времетраење и резултати, По завршувањето на диетата, Негативни страни на диетата, Прв ден, Ручек, портокал, варено јајце, кисело млеко, Вечера, домати, краставица, двопек, Втор ден, Ручек, портокал, јајце, кисело млеко, вечера, варено телешко месо, домат, портокал, двопек, кафе, чај, шеќер, Трет ден, Ручек, портокал, варено јајце, кисело млеко, салата од марула, краставица, Вечера, телешко месо, портокал, двопек, кафе или чај без шеќер, Четврти ден, Ручек, кравјо сирење, домат, парче двопек, Вечера, телешко месо, домати, јаболко, парче двопек, Петти ден, Ручек, варено месо, риба, домат, двопек, Вечера, морков, грашок, брокула, варено јајце, домат, Основни правила на диетата.

Турска чоколадна торта


 Потребни состојки:

    2 шолји овесни снегулки
    1 лажица какао
    ½ шолја млеко
    1 јајце
    1 лажица шеќер (може да додадете и повеќе по вкус)
    1 лажичка прашок за печиво

Црн крем

    1 ½ шолја млеко
    1 лажица нишесте
    1 лажица шеќер (може да додадете и повеќе по вкус)
    1 ½ лажица какао

Бел крем

    1 шолја млеко
    2 лажици нишесте
    Шеќер по желба

Подготовка:


Прво изматете ги јајцата со шеќерот, а потоа додајте го млекото со овесни снегулки. По неколку минути матење со миксер додајте го какаото и прашокот за печиво. Добро промешајте со дрвена лажица.

Добиената смеса ставете ја во два округли калапи за печење и печете 30 минути на средна температура. Со чепкалка за заби проверете дали е готов пандишпанот.

Темниот крем подгответе го така што ќе ги измешате сите состојки и ќе ги загревате на тивок оган додека не добиете крем сличен на пудинг.

Печениот пандишпан исечете го на два дела (хоризонтално) за да добиете два потенки круга.

Обложете еден овален длабок стаклен сад со пластична фолија и ставете го едниот пандишпан врз неа. Садот треба да има помал дијаметар од самиот пандишпан.

Прелијте го кремот во садот, а потоа затворете со вториот пандишпан. Зацврстете со фолија.

Оставете ја тортата неколку часа во фрижидер или ако имате време, нека преноќи.

Кога ќе биде целосно оладена, превртете ја на плитка чинија.

Белиот крем подгответе го исто како темниот и прелијте ја тортата одозгора.

Сечете поголеми парчиња за да не се распаднат.




 тагови: Турска чоколадна торта, торта, Турска, чоколадна торта, чоколадна, Потребни состојки, овесни снегулки, какао, млеко, јајце, шеќер, прашок за печиво, Црн крем, млеко, нишесте, шеќер, какао, бел крем, млеко, нишесте, Шеќер, Подготовка.

Рецепт за бајадера за кој не ви треба ни рерна ни миксер - готова за 20 минути


 Потребни состојки:

9 лажици вода

200 грама шеќер

150 грама мелени ореви, бадеми или лешници

250 грама мелени бисквити

170 грама маргарин

100 грама чоколадо за готвење

1 лажиче рум

Подготовка

За прелив

 100 грама чоколадо за готвење

1 лажиче масло

Подготовка:

Во тенџере додадете ја водата и шеќерот и загрејте на умерена температура. дури шеќерот не се растопи комплетно.

Додадете го маргаринот, тргнете од оган и мешајте дури не се растопи.

Кога маргаринот ќе се растопи, додадете ги оревите и бисквитите и мешајте дури не добиете густа и компактна маса.

Добиената содржина, поделете ја на 2 дела.

Чоколадото растопете го на пареа и размешајте го со едниот дел, а во другиот ставете малку рум.

На тацна ставете мрсна хартија за печење и префрлете го првиот дел од смесата (тој со чоколадо) и со раце обликувајте квадрат.

Врз него, на истиот начин, ставете го и другиот дел од смесата.

Остатокот од чоколадо растопете го на пареа, додадете малку масло и прелијте ја бајадерата.

Бајадерата ставете ја во фрижидер да се излади, а следниот ден исечете ја на на коцки со големина по желба.


тагови: Рецепт за бајадера за кој не ви треба ни рерна ни миксер - готова за 20 минути, Рецепт за бајадера, готова за 20 минути, Потребни состојки, вода, шеќер, мелени ореви, бадеми, лешници, мелени бисквити, маргарин, чоколадо за готвење, рум, Подготовка, За прелив, чоколадо, масло.

Крцкав компир со сланина и путер


 Состојки:

5 компири
3 лажици путер
200гр фина сланина
крупна морска сол
бибер
босилок

Подготовка:

Компирите најпрво добро исперете ги, излупете ги и исечете ги до две третини, односно така што долниот дел би останал цел.

Путерот и сланината исецкајте ги на парчиња и помеѓу секоја кришка ставајте по малку месо и путер.

На крајот, врз компирите сипете го остатокот од стопениот путер и наросете малку морска сол и зачини.

Ставете ги компирите во тавче и печете во добро загреана рерна на 220 степени Целзиусови, околу 45 минути.



тагови: Крцкав компир со сланина и путер, Крцкав компир, компир, сланина, путер, Крцкав компир со сланина, сланина и путер, Состојки, компири, путер, сланина, морска сол, бибер, босилок, Подготовка.

Wednesday, September 16, 2015

Меки мини крофнички


 Меки, сочни и вкусни…идеални како десерт или ужина.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

170 милилитри млеко
1 коцка квасец
500 грама брашно
2 јајца
2 жолчки
90 грама шеќер
50 грама путер
Малку сол
Масло за јадење
300 грама џем по желба
Шеќер во прав

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Загрејте околу 100 милилитри млеко, здробете го квасецот и додадете 150 грама брашно. Замесете тесто и оставете го на топло место околу 30 минути за да стаса. Додадете го путерот малку сол, убаво замесете и оставете го тестото на топло место околу 45 минути на топло место.

Разматете ги јајцата плус 2 жолчки заедно со 90 грама шеќер, па додадете го претходно стасаното тесто заедно со преостанатото млеко и брашно. Додадете го путерот и малку сол, замесете и оставете го тестото да мирува околу 45 минути на топло место.

По 45 минути поделете го тестото на 25 топчиња кои ќе ги наредите на крпа посипана со брашно. Покријте ги и оставете ги уште 30 минути да нарастат.

Загреј те го маслото за јадење и испржете ги крофните. Испржените крофни редете ги врз салвети за да се упие вишокот на масло.

Џемот ставете го во готварски шприц, малку пробушете ги крофните и внатре ставете џем.

Крофните посипете ги со шеќер во прав.



тагови: Меки мини крофнички, мини крофнички, крофнички, ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ, млеко, квасец, брашно, јајца, жолчки, шеќер, путер, сол, Масло за јадење, џем,Шеќер во прав, НАЧИН НА ПОДГОТОВКА.

Пита со сирење и јогурт


 Изматете ги пенесто јајцата, па додајте ги водата, маслото и јогуртот.

Состојки:

500 гр готови кори за пита

Фил:

4 јајца
15 лажици млака вода
10 лажици јогурт
20 лажици масло
1 пециво
400 гр крем сирење
За посипување:
Сусам или ленено семе

Кратко проматете ги сите состојки.
Додајте го пецивото и крем сирењето и малку посолете.
Убаво измешајте го филот.

Земете една кора премачкајте ја со филот, врз неа ставете уште една кора и пак премачкајте од филот.
Свиткајте ги во ролат, а потоа како потковица со тоа што краевите ќе бидат споени.
Повторете ја постапката со сите кори.
Наредете ги во плех споени едно до друго и посипете ги со преостанатиот фил.
Посолете со сусам и семки од лен.

Печете на 180 степени додека убаво зарумени.




тагови: Пита со сирење и јогурт, Пита со сирење, Пита, сирење, јогурт, Состојки, кори за пита, Фил, јајца, вода, јогурт, масло, пециво, крем сирење, за посипување,Сусам, ленено семе.

Екстремно чоколадна торта


 Состојки

2 шолји бел шеќер
1, 3/4 брашно
3/4 какао прав
1, 1/2 мала лажичка сода бикарбона
1, 1/2 мала лажичка пециво
1 мала лажичка сол
2 јајца
1 шолја млеко
1/2 масло за готвење
2 мали лажички екстракт од ванила
1 шолја превриена вода

 За прелив:

3/4 шолја путер
1, 1/2 шолја како прав
5, 1/3 шеќер
3/4 шолја млеко
1 мала лажичка екстракт од ванила

Начин на подготовка

Загрејте ја рерната на 350 степени. Ставете малку масло и брашно во 2 тавчиња за да не се залепи.

Искористете ја првата група на состојки за да ја направите тортата. Во еден сад ставете ги шеќерот, брашното, какаото, сода бикарбоната, пецивото и солта. Додаjте ги јајцата млекото маслото и ванилата и мешајте со миксер околу 3 минути. Додаjте ја полека водата. Распределете ја смесата во двете тавчиња.

Печете околу 30 до 35 минути во предходно загреаната рерна. Кога ќе ги извадите тортите изладете ги 10 минути надвор од тавите пред да ги додадете останатите состојки.

За да го направите преливот искористете ја втората група на состојки. Мешајте го со миксер путерот додека не стане кремаст. Додадете го какаото и шеќерот заедно со млекото и ванилата. Мешајте додека состојките не се соединат.

Намачкајте ги двата слоја на торта со преливот и залепете ги еден со друг. Со остатокот од преливот намачкајте ја цела торта.



тагови: Екстремно чоколадна торта, чоколадна торта, чоколадна, торта, Состојки, шеќер, брашно, какао прав, сода бикарбона, пециво, сол, јајца, млеко, масло за готвење, екстракт од ванила, превриена вода, За прелив, путер, прав, шеќер, млеко, екстракт од ванила, Начин на подготовка.

Три Лече


 Состојки

    тесто
    10 јајца
    10 лажици шеќер
    10 лажици брашно
    прелив
    1 литар млеко
    500мл слатка павлака
    500мл кондензирано млеко
    300гр готов карамел

Подготовка

Се кршат  јајцата со шеќерот и се додава брашното, лажица по лажица за да се изедначи смесата. Се пече во длабок плех 20×30.

На страна се мешаат трите млека и кога пандишпанот е готов со печење, се прелива.

Се сече на коцки и се става карамел ( готов карамеил или пак со стопени карамели)

Добар апетит!


тагови: Три Лече, ТриЛече, Лече, Три,  Состојки, тесто, јајца, шеќер, брашно, прелив, млеко, слатка павлака, кондензирано млеко, карамел, Подготовка.

Брза пита со компири


 Состојки:

3 јајца
1 компир
50 мл млеко
50 гр рендано сирење
1 лажица маслиново масло
Сол по вкус

Подготовка:

Скршете ги јајцата и изматете ги со сол. Додајте го ренданото сирење и мешајте ја смесата со вилушка. На крајот додајте го млекото, полека мешајќи со вилушката. Премачкајте една тава за печење со маслиновото масло.
Сварете го компирот и исечете го на тенки кришки. Додајте ги на смесата со јајца. Додајте малку масло и малку сол, па префрлете ја смесата во тавата за печење. Печете ја 15 до 20 минути на 180 степени во загреана рерна или додека не зарумени.
Љубителите на кромидче секако може да си додадат 1 мало кромидче.



тагови: Брза пита со компири, Брза пита, компири, пита со компири, Брза, пита, Состојки, јајца, компир, млеко, сирење, маслиново масло, Сол, Подготовка.

Напиток кој ќе ве освежи: “Саси” ароматизирана вода


Како и при подготовка на десерти, така и за летните пијалоци може да се користат сезонски овошја кои се многу корисни за вашето тело – го хидрираат, разладуваат и го снабдуваат со здрави шеќери.

За посебни прилики,  во соковите може да ставите коцки мраз во кои претхоно сте замрзнале листови од цвеќе или гранчиња магдонос. Без оглед на тоа од кое овошје правите пијалок, важно е претходно да ги изладите плодовите во замрзнувач, а потоа да го подготвите посакуваниот пијалок.

Состојки:

1/2 лимон
1/2 лимета
1 портокал
грст малини
листови нане
краставица

Подготовка:

Исечете ги лимонот и лиметата на парчиња. Исцедете го порокалот во вода и измешајте со лимоните. Испасирајте ги малините, здробете ги листовите нане и сето тоа измешајте го со вода и сокот од цитрусите. Додадете парчиња свежа краставица.



тагови: Напиток кој ќе ве освежи: “Саси” ароматизирана вода, Напиток кој ќе ве освежи, Саси, ароматизирана вода, ароматизирана, вода, Состојки, лимон, лимета, портокал, малини, нане, краставица, Подготовка.

Најбрза пица


 Ова е сигурно најбрзиот и едноставен начин за подготовка на тесто за пица. Испробан е безброј пати и воодушевил многу читатели.

Состојки за тесто:

1 чаша ( од 2 дл.) јогурт
2 чаши брашно
2 лажици масло
1/2 лажички сол
1/2 прашок за пециво

Подготовка:

Од брашното, солта, прашокот за пециво, маслото и јогуртот, замесете тесто.

Тестото веднаш растегнете го на побрашена подлога, па ставете го во тепсија. Погледнете онлајн мени од некоја пицерија и ѕирнете ги состојките од одредени пици, а потоа експериментирајте со вкусовите, по желба.

Печете во рерна загреана на 220 степени, околу 10-на минути.



тагови: Најбрза пица, Најбрза, брза, пица, Состојки за тесто, јогурт, брашно, масло, сол, прашок за пециво, Подготовка.

Кралски компирчиња


 На многу едноставен начин може да направите нешто многу привлечно…

Потребни состојки:

1 кг компири
3 жолчки
100 гр путер

Подготовка:

Излупете ги компирите и сварете ги во вода со сол. Во меѓувреме спремете го плехот за печење. Сварениот компир испасирајте го, направете пире. Додајте ги жолчките и растопениот путер и мешајте за да се соедини смесата. Смесата ставете ја во шприц и на обложениот плех со хартија за печење направете форми. Ставете ги да се печат во загреана рерна на 190 степени околу 30 минути, или додека да поруменат.



тагови: Кралски компирчиња, Кралски, компирчиња, Потребни состојки, компири, жолчки, путер, Подготовка.

Пилешко во бел сос


 Погледнете го овој рецепт и подгответе вкусен ручек денес. Пилешкото во бел сос ќе ве воодушеви и вас и вашите домашни или гости.

Состојки:

1 гранче магдонос
1 гранче млад кромид (или главица стар кромид)
250 гр. јогурт
1 лажица млеко
1 лажица оцет
шеќер
2 јајца
300 гр. пилешки гради
4 лажици брашно
150 гр. презли
4 лажици путер

Подготовка:

1. За сосот прво искинете ги ливчињата магдонос и исечкајте го кромидот. Потоа измешајте ги со 50 гр. јогурт и млеко, а на крај додадете го преостанатиот јогурт, зачинете со сол, бибер, оцет и шеќер.
2. Разматете ги јајцата. Исечете го пилешкото на танки парчиња, измешајте го во брашно, јајца и презла. Испржете ги на путер.
3.Сервирајте го местото и прелијте го со сосот.



тагови:  Пилешко во бел сос, бел сос, сос, Пилешко, Состојки, магдонос, млад кромид, стар кромид, јогурт, млеко, оцет, шеќер, јајца, пилешки гради, брашно, презли, путер, подготовка.

Домашен мајонез за само 2 минути


 Мајонезот е прилог кој на јадењето му дава посебна нота и го збогатува вкусот на многу специјалитети.

Доколку сакате да подготвите домашни варијанти од овој сос, еве еден исклучително едноставен рецепт за кој ќе одвоите само 2 минути.

Во сад најпрво ставете една жолчка, потоа лажица вода, лажица сенф, сок од половина лимон и шолја масло. Потоа измешајте со миксер. Кога ќе се создаде изедначена маса, посолете и послужте. Додајте разни зачини по желба.



тагови:  Домашен мајонез за само 2 минути, мајонез, 2 минути, Домашен мајонез, мајонез за само 2 минути, жолчка, сенф, лимон, масло, вода.

Експрес чоко торта


 Потребни состојки:

150 гр путер
200 гр брашно
Половина кесичка пециво
30 гр какао
170 гр шеќер
1 кесичка ванила
4 јајца
125 мл јогурт

За филот:

100 гр путер
200 гр црна чоколада
200 мл слатка павлака
70 гр шеќер во прав

Подготовка:

За филот растопете ги сите состојки на тивок оган и мешајте повремено. Кога ќе добиете хомогена смеса тргнете го садот од оган и оставете на собна температура.

За бисквитот растопете го путерот  и малку изладете го. Во длабок сад ставете ги брашното, јајцата, какаото, пецивото, шеќерот, ванилата и убаво измешајте. Додадете го јогуртот, путерот и убаво затворете го садот. Енергично протресете го садот неколку пати.

Сипете ја смесата во плех обложен со хартија за печење и ставете го во рерна да се пече околу 30 до 40 минути на 160 степени. Оставете го бисквитот да се излади, и по 5 мин извадете го од плехот. Пресечете ја кората на два дела и филувајте ја едната кора, па преклопете и целата торта премачкајте ја со остатокот од филот.



тагови: Експрес чоко торта, чоко торта, торта, чоко, Експрес, Потребни состојки, путер, брашно, пециво, какао, шеќер, ванила, јајца, јогурт, за филот, путер, црна чоколада, слатка павлака, шеќер во прав, Подготовка.

Пржен компир со сусам


Најчестиот „гостин“ на сите трпези- компирот, овој пат во комбинација со сос од соја и сусам, претставува одлична шанса за деликатесен ручек, заслужен после напорниот работен ден…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

400 грама компир
2 чешниња лук
1 главица кромид
50 грама Сусам
Сос од соја
Маслиново масло
сол
бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Поголема тава, подмачкајте ја со маслиновото масло и почекајте да се загрее. Во меѓувреме, сечете го компирот. На загреаното масло, пржете го компирот 6-7 минути, намалете ја температурата и додадете ги ситно сечканите лук и кромид, со кои ќе продолжите да го пржите компирот, уште 5 минути. Ја тргнувате тавата на страна,компирот го преливате со сос од соја, наросувате малку бибер и повторно го пржите компирот, на тивок оган, уште 2 минути. За крај, пропржете малку сусам, наросете го врз компирот…и јадењето е готово…

Уживајте во прекрасниот и едноставен ручек …



тагови: Пржен компир со сусам, сусам, Пржен компир, Пржен, компир, ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ, компир, лук, кромид, Сусам, Сос од соја, Маслиново масло, сол, бибер,НАЧИН НА ПОДГОТОВКА.